Нормализиран сообраќајот на овие патишта

Рано утрово, сообраќајот на магистрален пат Кичево -Гостивар беше во прекин поради случена сообраќајна незгода. Од АМСМ информираа дека во 11:30 часот сообраќајот е нормализиран кај селото Тајмиште, односно на на магистралниот пат Кичево -Гостивар.

Исто така во соопштението добиено од АМСМ, од 10:00 часот, сообраќајот на патниот правец Тетово - Скопје, кај клучка Групчин, е исто така нормализиран и се одвива непречено.

Сообраќајот на државните патишта се одвиванепречено, по суви коловози.