Нордиско пешачење - најдобра физичка активност за заштита од срцевите заболувања

Со секоја нова сезона доаѓа нова физичка активност која е тренд. Но, пешачењето никогаш не губи од мода.

Во последно време, често се споменува нордиското пешачење кое претставува физичка активност на нерамна површина со што се поттикнува кардиоваскуларниот систем и се постигнува интензитетот кој е потребен за да се заштити нашето срце од различни заболувања.

Но, иако е вежба со низок интензитет, сепак ново истражување покажува дека таа е поефикасна од многу различни кардио вежби. Во истражувањето во кое биле вклучени околу 130 луѓе со болести на коронарната артерија, било утврдено дека редовното практикување на ваквата активност значително го подобрило нивното здравје и квалитетот на живот.

Сепак, научниците посочуваат дека важно е да не се истоштуваме, туку како и секој вид на пешачење да избереме ритам и брзина кои ни одговараат. Дополнително, треба да сме внимателни бидејќи ова пешачење вклучува физичка активност на нерамен терен, како ридови, угорници и споредни патишта, каде можноста за повреда е голема ако не се внимава.