„Ноле, те сакаме! Дојди во Скопје!“

„Ноле те сакаме! Дојди во Скопје!“, во еден глас испратија порака учениците од Основното општинско училиште „Вера Циривири“, од Општина Карпош. 

Заедно со градоначалникот на Општината, до славниот тенисер Новак Ѓоковиќ, испратија заедничка покана за тенисорот да го посети Скопје и Општината. 

-Заедно со учениците од ОУ Вера Циривири се одлучивме да му испратиме заедничка покана на Новак Ѓоковиќ да го посети Скопје. Се надеваме дека ќе ни успее оваа покана затоа што е спортски пример за сите дечиња во Македонија. Уште еднаш Новак, повели биди гостин на Општина Карпош ќе ни биде чест да те пречекаме! - истакна градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски.