Ноќва најзагаден главен град во Европа беше Скопје

Скопје ноќва е најзагадениот главен град во Европа. Според густината на ПМ10 честичките, Скопје се наоѓа и меѓу лидерите по загаденост на воздухот на светско ниво.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вчера изјави дека локалната власт не може сама да се справи со загаденоста и дека за енормното загадување на главниот град придонеле и градоначалниците на другите општини околу Скопје.

Ваквиот притисок на јавноста ќе треба да се постави и кон градоначалниците на Чучер Сандево, Петровец, Илинден, Арачиново, бидејќи дел од загадувањето што е во скопската котлина доаѓа од овие места.

Ова негова реакција следува откако Скопје денеска беше петти најзагаден град во светот.