Ноќва младо момче доби ново срце, уште најмалку десет животи ќе бидат спасени од млада девојка донор

Успешно заврши втората трансплантација на срце во историјата на Македонија, која започна ноќва на полноќ. Младо момче го доби срцето на прерано загината девојка, чие семејство се согласи нејзините органи да бидат донирани.

Министерот Венко Филипче објави фотографии и напиша: 

Во 3 часот и 33 минути утринава кај 27-годишно момче зачука ново, донирано срце! Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.

Честитки до сите колеги и благодарност до целиот тим кој во текот на целата вечер неуморно работеше! Ова е огромен успех на македонското здравство, кој немаше да биде возможен без согласноста за донирање органи од семејството на младата пациентка која прерано го загуби животот.

Горд сум на моите колеги!