
Ова е Бутел. Наш Бутел. Општина што и денес го живее маалскиот живот, тука портите се полуотворени, луѓето се поздравуваат со име, а детскиот џагор уште се слуша меѓу куќите - вели првиот човек на општина Бутел Дарко Костовски споделувајќи фотографија од ноќна панорама на градот.
- Последниве четири години не направиме се, но направивме многу! Тек допрва ќе правиме! Се работи! Да ја зачуваме нашата општина мирна и просперитетна! За нашите деца! - вели во описот на фотографијата Костовски.
Инаку, тој е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за уште еден градоначалнички мандат во Бутел.