Ноќеска имаше земјотрес во леринско, почувствуван во Битола

Утрово битолчани повторно се разбудија вознемирени од земјотресот кој ги стресе во 3.40 часот.

Повторно земјотрес со јачина 2,9 според Рихтер ја потресе Грција.

Епицентарот на земјотресот е на 4 километри северозападно од Лерин, на длабочина од 10 км.

Земјотресот е почувствуван и на територија на Македонија.