Ноќеска после 1 часот по полноќ имало пукотници во близина на поликлиниката Чаир.
Околу 1.30 часот во СВР Скопје пристигнала пријава за настанот - пукање на паркингот на поликлиниката, при што едно лице го нарушило јавниот ред и мир, поради употреба на огнено оружје.
Полицијата излегла на увид и пронашла осум чаури. Се работи на расчистување на случајот.