Ноќеска грабеж на бензинска, разбојникот експресно фатен

Ноќеска околу 03.00 часот во ЕИК Скопје, Е.Б. - вработен на бензинска пумпа лоцирана на ул. „Никола Карев“, пријавил дека непознат маскиран сторител му извршил разбојништво.

Сторителот со закана со пиштол одзел неутврдена сума на пари, по што побегнал во непознат правец. 

Од страна на единицата Алфа лицето е фатено и приведено во ПС Центар, утврден му е идентитетот и се работи за В.И. од Делчево. 

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.