„Нокаут“ со голем концерт во СЦ „Борис Трајковски”

Во декември 2011-та бевте гости во нивното кабаре на сцената на Метрополис Арена.Декември 2014-та ви пееја од опуштениот и интимен амбиент на НОКАУТ БАРОТ во Универзалната сала.Декември 2015-та, НОКАУТ повторно ќе бидат ваши музички домаќини кои ќе ве внесат во некоја друга димензија.

Која?

Дознајте на 24 декември!

Горила Продукција со огромно задоволство го најавува големиот концерт на НОКАУТ во СЦ "Борис Трајковски" во Скопје. Почеток 21.00 часот. Специјални гости на вечерта: ВИЕ!

Картите ќе бидат пуштени во продажба од сабота (28 ноември), а ќе можат да се купат во продажната мрежа на Мктикетс. Да ја завршиме годинава позитивно...