НЛБ Банка со промотивна кампања за кредитите за физички лица

Во периодот од 01.02.20121 до 28.02.2021 година НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на промотивната понуда  кредитите за физички лица се нудат без трошоци за одобрување, додека за сите станбени и хипотекарни кредити за кои треба да се изврши проценка на имот, нема да се наплатуваат трошоци за проценка. Клиентите можат да ја искористат промотивната понуда и зависно од своите потреби да аплицираат за НЛБ Потрошувачки кредит кој е со фиксна каматна стапка за првите 36 месеци или пак за НЛБ Станбен кредит со рок на отплата до 35 години и фиксна каматна стапка од 10 години.

Дополнително, за секој одобрен потрошувачки кредит клиентите ќе добијат НЛБ haPPy револвинг кредитна картичка. Станува збор за MаsterCаrd бесконтактна картичка со меѓународна важност која овозожува остварување на cashback во висина до 10% од износот на трансакцијата при секое купување со картичката( во земјата и странство).

За кредитните продукти на НЛБ Банка  и за промотивната понуда клиентите можат да добијат повеќе информации на веб страницата на Банката: www.nlb.mk или на контакт центарот на телефон: 02/15 600.