Низок крвен притисок, помал стрес и подобар сон: Кои се бенефитите од чувањето куче во нашиот дом?

Љубителите на кучиња не мораат да се грижат дали ќе бидат несреќни. Нивните миленичиња никогаш нема да го дозволат тоа.

Добро познат факт е дека домашните миленичиња имаат позитивно влијание на нашите животи. Меѓутоа, науката докажува и дека тие можат да ни го продолжат животот барем за 2 години.

Медицината докажува и многу други бенефити од чувањето куче.

Помали проблеми со висок крвен притисок

Научниците на универзитетот во Њујорк утврдиле како чувањето куче придонесува за намалување на крвниот притисок и намалување на нивото на стрес кај луѓето. Во рамки на ова истражување, испитаниците не земале никакви лекови, а пред тоа имале проблеми со висок крвен притисок. Кучињата делувале на таков начин што го смалувале крвниот притисок и го опуштале телото. 

Намален ризик од срцев удар

Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека љубителите на кучиња се соочуваат со значително помал ризик од срцев удар и дека нивното срце работи подобро од оние кои немаат куче во својот дом.

Посреќни се

Едно истражување спроведено во 2002 година покажало дека 75% од луѓето кои чуваат кучиња се посреќни во присуството на своите кучиња. Тие го стимулираат лачењето на хормоните на среќата: ендорфин, допамин, серотонин и окситоцин.

Ниско ниво на холестерол

За овој факт, медицината уште не нашла соодветно образложение, освен тврдењето дека сопствениците на кучиња се поактивни, бидејќи се принудени 2 пати во текот на денот да прошетаат со своите кучиња.

Помали проблеми со несоница

Дури 41% од испитаниците од едно истражување истакнале дека немаат проблеми со несоницата. Многу статии на интернет покажуваат дека тоа е така бидејќи кучињата ни даваат сигурност и мир.

Поголема комуникација

Љубителите и сопствениците на кучиња полесно склопуваат нови познанства. Дури 40% од нив истакнале дека лесно се запознаваат со нови луѓе кога го шетаат своето домашно милениче.