Низ Скопје се крадат шишиња со ракија и рачни алати

Кражбите во Скопје, но и во целата земја станаа секојдневие за граѓаните. Во полициските билтени што ги објавува Министерството за внатрешни работи од почетокот на годината се информираше за дваесетина тешки кражби во куќи и во станови низ градот.

„Кога го отворив дуќанот утрово барајќи еден алат во мојата работилница забележав дека ми фалат поглем дел од машините  и рачниот алат за работа.Штетата е околу 30 илјади денари, крадците немаа направено неред , точно знаеле каде ми стојат работите, па си ги земале“, вели 30-годишниот автомеханичар Александар од Драчево.

„Пред неколку дена кога влегов дома забележав расфрлени, предмети, документи и облека на подот...Бидејќи  влезната врата ја отворив со клуч, сфатив дека станот ми е провален преку балконот. Крадците барале, но јас дома не чувам пари во готово, забележав дека во кујната беа претурани полиците каде ми е наредена зимницата и домашната ракија , па забележав дека се земени неколку тегли и 3 шишиња ракија, раскажува Славица од Мичурин.

И давјацата скопјани повикале полиција за да изврши увид.

Од МВР велат дека  најчесто низ Скопје се крадат злато и пари, лаптоп-компјутерите и телевизори. Најчесто разбојниците и се познати на полицијата. Тоа се, велат, лица кои го повторуваат делото, некои од нив се специјализирани да крадат по станови и куќи, а други пак за обивање автомобили.