Низ сите овие години живот, научив само 3 работи

Живеев на неколку континенти, патував, создавав, добивав и губев. Сега, конечно сум назад во Скопје. 

Но, низ сите овие години живот, научив само 3 работи.

Некогаш мислите дека познавате некого, но не е така

Можеби имате некаква слика или идеја за таа личност, можеби мислите дека добро ја познавате. Но, еден ден се будите и сфаќате дека не е така. Сепак, на крајот на денот, нивните дела се поважни од сите зборови и ветувања и сфаќате дека не сте ги познавале така како што мислите.

Тоа не значи дека тие се лоша личност, не значи ниту пак дека вие сте згрешиле бидејќи сте требале да видите и сфатите нешто за нив. Едноставно, тоа се случува во животот. Некогаш можете да простите и да продолжите напред со таа личност, а некогаш ја оставате позади себе. 

Не можеме да ги контролираме сите работи што ни се случуваат

Не можеме да знаеме кој има добра намера, не можеме да знаеме што би било ако сме дале повеќе шанси, не знаеме што би било ако не се качевме на тој воз, тогаш и тогаш. Некои работи се дел од нас и можеме да влијаеме како ќе се поставиме, но не можеме да влијаеме на надворешните услови и на тоа како се однесуваат и што чувствуваат другите луѓе.

Никогаш не е лесно да ги оставиме позади себе оние кои сме ги сакале

Можеби ќе дојде ден кога врската ќе заврши, кога пријателството ќе се распадне, а ние не го сакаме тоа. Никогаш не е лесно и не можеме да избришеме една личност од нашиот живот како никогаш да не постоела. Животот боли, но секогаш имаме шанса за подобро утре.