Низ какви периоди проаѓа љубовта?

Љубовта е една од работите по кои највеќе се трага. Толкму многу што луѓето често се однесуваат чудно или тотално спротивно од она што се, во моментот кога ќе се заљубат во некого. Сите луѓе, без оглед на возраста, сакаат да најдат љубов, а сепак гледаме запрепастувачка бројка на врски и бракови кои се распаѓаат.

Во продолжение прочитајте ги 5-те фази на љубовта и зошто повеќето луѓе заглавуваат и раскинуваат во текот на третата фаза.

Фаза 1 – Заљубување

Ако никогаш не сте заљубиле претходно, обидете се. Тоа е едно од најлудите искуства кои никогаш нема да ги заборавите. Заљубувањето е прекрасно од многу причини, но најчесто заради тоа што нашите мозоци се преплавуваат од хемикалии кои прават да се чувствуваме прекрасно.

Допамин, окситоцин, серотонин, тестостерон и естроген – ова се тие работи кои прават да имаме пеперутки во стомакот. Кога сте заљубени, никој не може ништо да ви докаже, затоа што тогаш сте уверени дека сте најзаљубени на свет.

Фаза 2 – Развивањето на врската

За време на оваа фаза, љубовта помеѓу двајца индивидуалци ќе стане подлабока и позрела. Ова е фазата кога повеќето луѓето почнуваат да планираат деца или едноставно стануваат поприврзани на позрел начин.

Луѓето во врската почнуваат да донесуваат одлуки кои се базираат околу врската, а не колку поединецот во неа. Повеќето луѓе во оваа фаза веруваат дека тоа е љубовта која ќе трае вечно и тоа обично се истите луѓе кои премногу се разочаруваат во третата фаза.

Фаза 3 – Нема повеќе розеви очила

Ова е дефинитивно најкритичниот дел од врската, затоа што ова е време кога и двајцата партнери се чувствуваат несигурни за насоката во којашто се движи нивната врска.

Ова е фазата во која се чувствува тензија и партнерите имаат чувство дека нешто не штима. Почнувате да чувствувате презир и се лутите за најмали ситници, се чувствувате помалку блиски и помалку сакани. Сакате да ја вратите хемијата назад, но не сте сигурни како да го направите тоа.

Надминувањето на оваа фаза може да биде екстремно тешко, но ако парот успее да ја надмине, тогаш тие ќе излезат посилни и позаљубени од кога било.

Фаза 4 – Градење на вистинска, долготрајна љубов

Ако успеете да ја надминете третата фаза, тогаш четвртата фаза е вашата награда. Оваа фаза настапува откако сте поминале низ болката и конфликтот и сега работите на тоа да ги решите проблемите. И дел од решавањето на тие проблем е прифаќањето на фактот дека секој бил повреден на одреден начин и тие рани играат голема улога во вашата врска.

Едно истражување покажало дека траумите од детството можат да влијаат на нашето физичко, емотивно здравје, како и на начинот на кој формираме врски со луѓето.

Градењето на долготрајна љубов значи да се создаде желба за развивање и меѓусебно помагање за лекување на раните. Откако ќе почнете да се лекувате, ќе забележите дека хемијата и чувството дека тоа е вистинска љубов ќе ви се врати.

Фаза 5 – Со вашата љубов го освојувате светот

Светот обично го гледаме како страшно место и најчесто и е такво место. Размислувањето на сите трагедии, страдања кои се случуваат на секое место на планетата навистина може да ве исплаши, прави да мислиме дека нема начин да помогнеме како поединци.

Градењето на долготрајна љубов помеѓу двајца луѓе е навистина тешко самото по себе, а да не збориме колку е тоа тешко да се направи помеѓу 7 милијарди луѓе. Но, можеби проаоѓањето на вистинската љубов, а потоа градењето на долготрајна љубов е првиот чекор во оваа насока. Ако може да го направиме ова, тогаш можеби ќе можеме да гледаме напред, барајќи начини како да и помогнеме на љубовта да владее во светот.