Ниту една жена не си заминала затоа што ѝ било убаво...

Ниту една жена не си заминала затоа што и било убаво. Убавото не се напушта. Не си отишла туку-така, напуштајќи ги сите уверувања дека мора да биде добра жена. Има милион прашања на кои нема одговор, но таа повеќе не се грижи тоа тоа. Кога ќе одлучи да си оди, тогаш сите прашања престануваат.

Ниту една жена не си заминала од прегратката во која била сигурна. Од чувството дека е прва. И дека ја слуша и кога вика. Од помислата дека нејзиниот дом е во неговиот поглед. Ниту една не си отишла од оној кој ја сакал нејзината нежност, кој ѝ обрнувал внимание, дури и преку ситни гестови. Од испланирани вечери само за неа, од изненадувачки танц кога децата ќе заспијат.

Ниту една не си отишла од рацете кои навечер ја милувале, раце полни со утеха и разбирање.

Ниту една не заминала затоа што ѝ било убаво. Убавото не се напушта.

Денес има сѐ повеќе разводи. Не навлегувам во причините и апсолутно не осудувам никого, бидејќи секој си ја знае сопствената приказна. Кога дужегрижниците и чуварите на прозорците ќе заспијат, луѓето остануваат сами зад 4 ѕида. И тие најдобро ги знаат тишините во нивните души. Знаат колку се осамени помеѓу толку многу очи.

Не сакам кога се етикетира. Пред некој ден, две жени пиеја кафе и озборуваа некоја жена кој во тој момент излегуваше од кафулето. Едната ѝ велеше на другата: „Ако толку чинеше, немаше да се разведе.“ За таков јазик нема против-отров. Осудувањето и нетолеранцијата е најлошото нешто во нас. Зошто? Зошто се грижиш? Затоа што ти си „добра жена“?

Ако единствено нешто што те претставува пред светот е тоа што си „добра жена“, тогаш запрашај се која си ти?

Што сакаш и сонуваш? Во што си добра и кои се твоите таленти? За што фантазираш и по што копнееш?

Кога се имаш себеси и кога ќе се запознаеш себеси – повеќе немаш потреба да ги анализираш туѓите животи и да им ги преиспитуваш нивните одлуки. Ниту една не си отишла затоа што ѝ било убаво. Убавото не се напушта.

Тие самите си знаат што е тоа што ги натерало да почнат одново. По некоја нова патека. Знаат колку им е тешко и без нашите коментари, прашања и вперувања со прст во нивен правец. Верувам дека тие солзи создаваат уште поголема болка. Се губи доверба, поддршка, заеднички интереси. Можеби се чувствала невидливо. А секоја од нас сака да биде слушната и чуена. Секоја од нас сака да биде сакана и почитувана. Секоја од нас сака океан од страсти во своите дланки.

Не сакам кога се етикетира. Осудувањето и нетолеранцијата се показатели на огромниот недостаток на морал и човечност во нас.

Ниту една не си заминала затоа што ѝ било убаво. Убавото не се напушта.