Денеска продолжи постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд. Во два наврати судиите гласаа за предложените кандидати, при што ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство, известуваат од Уставниот суд.
Со согласност на сите судии беше договорено седницата за избор да продолжи во понеделник на 3 јуни, се додава во соопштението на судот.
Мандатот на претседателката Добрила Кацарска истекува на 2 јуни 2024 година.