Ниско железо и анемија по коронавирусот: Како да си помогнете?

Заболувањето со КОВИД е често проследено со многу ефекти кои доаѓаат по завршување на вирусот, а еден од нив е падот на нивото на железото во крвта.

Некои пациенти се жалат на силен замор, тешкотии при дишењето и проблеми до когнитивните функции, но според докторите тоа често се должи на недостатокот на железо во организмот. Според некои истражувања, дури 35% од луѓето се соочуваат со недостаток на железо, а 9% имале анемија. 

Доколку се соочувате со ваков проблем, тогаш најдобро е се консултирате со својот матичен лекар, но и да се посветите на здрави навики кои ќе ви помогнат да го зголемите нивото на железо.

Ова се неколку видови храна кои ќе ви помогнат.

Спанаќ

Овој зеленест зеленчук има многу малку калории, а се смета за суперхрана токму поради високото количество на железо. За пример, 100 гр свеж спанаќ содржат 2.7 мг железо. Освен тоа, спанаќот е добар извор и на витамин Ц кој е познат витамин кој ја поттикнува апсорпцијата на железо. Спанаќот содржи и антиоксиданти кои го подобруваат општото здравје и го подобруваат имунитетот.

Зрнест зеленчук

Зрнестиот зеленчук како грашокот, леќата, гравот, леблебијата и сојата се богати со железо. Само една шолја варена леќа содржи 2-6 гр железо. Овој зеленчук е богат и со фолна киселина, магнезиум и калиум кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и го намалуваат нивото на лошиот холестерол.

Семки

Семките како ленено семе, сончоглед, семки од тиква и чиа содржат високи нивоа од овој минерал. Тие се и богати со природни влакна, магнезиум и омега 3 масни киселини кои го штитат нашето тело од слободните радикали и помагаат во борбата против холестеролот.

Брокула

Брокулата е совршена храна бидејќи содржи железо и витамин Ц, но и протеини, калциум, селен и магнезиум. Ваквата комбинација е одлична против анемијата.

Какао

Какаото е еден од најбогатите извори на железо, а многу нутриционисти и доктори го препорачуваат секогаш кога се соочуваме со недостаток на железо. Само една шолја дневно е доволна за да се одржи овој минерал во границите на нормалата.