Ниските утрински температури можат да бидат проблем - едноставно решение да го отстраните мразот од шофершајбната

Возачите најмногу ја мразат зимата поради тоа што предното стакло од автомобилот брзо им замрзнува.

Сепак мразот може многу лесно да се отстрани.

Ако до сега сте ја гребеле шофершајбната или сте ја преливале со врела вода, престанете да го правите тоа.

Се што ви е потребно за лесно отстранување на мразот е - готварска сол, вода и крпа.

Натопете ја крпата во смеса од готварска сол и вода, потоа оставете ја на шофершајбната во текот на ноќта. Или земете само сол и вода и нанесете на стаклото.

Резултатот ќе ве изненади.