Ниските цени, убавата храна, гостопримството – што ја прави Македонија посебна

Постојано се зголемува бројот на туристи кои ја посетуваат Македонија. За Македонија пишуваат многу странски сајтови, опишувајќи ги нејзините убавини.

Издвојуваме 5 работи кои се привлечни за странците:

Ниските цени

Можеби за Македонците овие цени за високи, но секој пат кога ќе дојде некој странец во Македонија е изненаден од ниските цени. Без разлика дали станува звор за сместување, за превоз или пак за јадење во ресторан.

Убавата храна

Македонската храна е прочуена далеку. Да дојдеш во Македонија, а да не пробаш зелник, тавче гравче, баница, ракија, сарма, исто и како да не си бил.

Природните убавини

Македонија може да се пофали со многу убава природа. Природни убавини кои пленат. Места кои едноставно оставаат без здив. Нема луксуз, се е така како што сакала природата. Вистински места за одмор и за рекреација, токму она што го бараат странците.

Гостопримството

Дека Македонците се гостопримливи луѓе се слуша надалеку, а тоа е она што го бараат странските туристи. Пријатни и насмеани домаќини, добри пријатели.

Богата историја

Историја интересна за странците, која датира од многу одамна. Сите тие податоци се интересни за странците.