Ништо нема да научиме во животот од луѓето што зборуваат премногу

Со тек на време, човекот се уморува од луѓето и нелуѓето, од постојаната борба да се одвојат и препознаат едните и другите, се уморува од давање во  кое не добива ништо назад.

Ништо нема да научиме од оние луѓе кои премногу зборуваат, од оние кои постојано се китат со своите титули и образование.

Никогаш нема да добиеш ништо од оние кои премногу зборуваат и даваат празни ветувања дека  имаат решенија за сите проблеми. Нивните титули се советници, експерти, спасители, но тие немаат ништо освен празни зборови и ветувања.

Овие луѓе се силни на зборови, така што нема ни да знаете што ви рекле, што ветиле, ниту како помогнале. Ќе научите повеќе од луѓето кои се добри, кои на драго срце ќе ви помогнат без да зборуваат многу за тоа.

Не ви се потребни големи мотивациски говори и мислења, бидејќи луѓето кои ги даваат не живеат поинаку од вас. Потребни ви се оние кои не зборуваат многу, кои се тука кога ви е најтешко, некој кој нема да глуми огромни изливи на добрина, туку напротив ќе ви ја покаже, кога тоа е потребно.

Ви се потребни луѓе кои ќе ве сакаат онакви какви што се, кои ќе ве поттикнат и охрабрат да бидете подобри. Тие не се умислени дека се незаменливи експерти во вашиот живот.