Нина Нинковиќ го крена регионот на нозе, откако реши да продава крофни за да собере пари за лекување на нејзиниот болен татко.
Македонскиот графички дизајнер и сликар, Зоран Кардула создаде постер за малата Нина, а во разговор за „Блиц“ вели дека девојчето е херој на своето време.
- Редот формиран од нејзината тезга е знак дека малата Нина ја разбуди хуманоста кај луѓето. Јас обично илустрирам ситуации или ликови, хероини, така што Нина е една од хероините на ова време, кажа Кардула.