По многу познатиот дански концепт на живеење hygge, во тренд е холандскиот концепт никсен кој подразбира уживање во нередот, како форма за ослободување од стресот.

Зборот никсен во буквален превод значи да не се прави ништо, а овој тренд на живеење подразбира мрзеливост и не потсетува на моментите кога ни е најубаво кога не правиме ништо. Иако оние кои работат многу не би се согласиле воопшто со ваквиот концепт, сепак тој во последно време доживува голема популарност. Многу психолози посочуваат дека досадата и неправењето ништо за нас се одлична ментална состојба.

Сепак, експертите истакнуваат дека никсен не е исто со ментално опуштање, туку дигресија на мозокот и темелно уживање во паузите. Тоа се бесцелни активности како гледањето низ прозор, дружењето со колегите или слушање музика. Тоа значи дека наместо да ги преокупираме мислите за тоа како постојано мораме да бидеме активни, продуктивни и посветени на сите обврски, во оваа состојба на никсен ги земаме паузите, го одмораме мозокот и на тој начин ги полниме батериите.