Николовски демантира: Заразената докторка не присуствуваше на свадба

Откако денеска се дозна дека директорката на Клиниката за кожни болести е заразена со коронавирус, информација што ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, одредени медиуми објавија вест дека таа била на свадбата на порнашениот министер за земјоделие и генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, кој викендов правеше свадба во хотелот Александар Палас.

„Целосно ги демантирам лагите објавени на одредени медиуми познати како извори на лажни вести за наводни карантини на функционери на СДСМ поврзано со вирусот корона.

Лажни се вестите дека директорката со симптоми на вирусот била на партиски состаноци и координации, а уште поголема лага е дека присуствувала на мојата свадбена веселба.

Апелирам, јавноста, граѓаните да не подлегнуваат на лажни вести и целосно и редовно да се информираат исклучиво преку Министерството за здравство и министерот Филипче кој редовно и темелно известува за состојбата со вирусот Ковид – 19.

Институциите прават сѐ и се подготвени да се справат со опасноста од ширење на вирусот“, напиша Николовски на својот Фejсбук профил.