Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на официјалната Фејсбук страница објави дека министерството ќе обезбеди финансиска поддршка за млеко призводителите.
Имено, новата мерка е вредна над 140 милиони денари и е наменета за финансиска поддршка на млекопроизводителите, по литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети за период од 1.10.2021 до 30.09.2022 година.
-Надвор од основните мерки за субвенции, надвор од дополнителната поддршка којашто ја добиваат секоја година, ова е плус поддршка преку Интервентниот фонд којашто многу брзо ќе биде реализирана. Целта на истата поддршка е намалување на трошоците и загубите кај млекопроизводителите, кои како резултат на светската криза се јавија со последните поскапувања на репроматеријалите и на сточната храна - рече Николовски.