Николов удри по Шкендија: Покажавте дека сте мал клуб без историја и ништо зад вас, ЕДЕН Е ВАРДАР!

Откако на крајно недоличен начин фудбалерите на Шкендија вчера ја прославија победата против Вардар, напади кон нив доаѓаат од сите страни.

Откако вчера Филип Гачевски го осуди однесувањето на фудбалерите на Шкендија, а посебно на неговиот поранешен соиграч Висар Муслиу, сега со осуда кон Шкенија се јави и уште еден, сега поранешен играч на Вардар.

Македонскиот репрезентативец, Бобан Николов кој зимава замина во унгарски Видеотон имаше и тоа што да каже:

– Кога Шкендија ќе направи барем малку од тоа што го има ВАРДАР тогаш радувајте се…ама како луѓе… Уште еднаш покажавте со вакво радување дека сте мал клуб кој немате историја и ништо позади вас! Со исклучок на некои играчи од таму, кои без разлика на се’ јас ги почитувам и сум играл и играм со нив! П.С: Почитувајте си ги колегите без разлика во кој клуб играте и покажете барем ‘трошка’ РЕСПЕКТ…Честито Титула !!! И не заборавајте…ЕДЕН Е ВАРДАР !!! Спортски поздрав, напиша Николов на својот Фејсбук прфил.