Николоски: Жалиме што Бугарија ги повлече средствата за пругата, остануваме силно посветени на изградбата на овој коридор

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека како Влада остануваат силно посветени на изграба на овој Коридор и дека активно се работи на втората секција во должина од 34 километри. Николоски посочи дека оваа пруга е од исклучително значење за целиот регион и за цела Европа.

„Остануваме силно посветени на изградба на железничкиот Коридор 8. Во овој момент активно се работи на втората секција во должина од 34 километри, која што оди од Бељаковце до градот Крива Паланка. Во месец јануари ја пуштивме првата секција од Куманово до Бењаковце и остануваме посветени на дијалог со Бугарија со цел на изнаоѓање на заеднички прифатливо техничко решение во однос на тунел кој што треба да ги спојува двете држави, изградба на третата секција затоа што сметаме дека Коридорот 8 е од исклучително значење не само за Македонија, туку за целиот регион и за цела Европа, тоа е НАТО Коридор, втор по значење Коридор за НАТО и нашата посветеност останува“, кажа Николоски

Жалимиме што Бугарската Влада ги повлече средствата предвидени за реконструкција на делот на пругата од Софија до Ѓуешево вели Николоски.

„Со жалење ја примавме информацијата која што вчера стигна, а која што е веќе и официјален документ усвоен од бугарската Влада со кој што Бугарија одлучи да ги тргне средствата кој што претходно беа предвидени за реконструкција на делот на пругата од Софија до Ѓуешево, имајќи ја предвид дека пруга има но пругата е во очајна состојба во БУгарија и практично неможе да се користи и неможе да се изгради тунелот, да се изгради спојка со Ѓуешевоо, туку многу побитно да се направи реконструкција од Ѓуешево до Софија со цел Скопје и Софија да се спојат“, појасни Николоски.