Николоски: Во „фудбалски термин“ ја добивме Бугарија со 3-0 во однос на Коридорот 8

Министерот за транспорт и врски и вицепремиер, Александар Николовски денеска од Собранието зборуваше за железничката пруга кон Бугарија која е дел од Коридорот 8. Според него, оваа Влада иако била критикувана од Бугарија вели постапила домаќински бидејќи заштедени се пари на граѓаните. Николоски употреби и „фудбалски термин“ одговарајќи на пратеничко прашање од собраниската говорница.

„Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ги добивме со 3-0. Трите наши аргументи се прифатени и очекувам да соберат храброст и да се одржи и третиот состанок во Скопје. Еве оваа недела требаше да се одржи во Скопје, но одолговлекуваат. Нека соберат храброст да ја затвориме оваа тема. Нашите аргументи се јасни. Да се направи ревизија на цената, мора да има зеднички проект за потенцијално тунелот кој треба да ги спојува двете држави и трето да си го завршат нивниот дел да се спојат до границата. Поентата на изградба на оваа пруга е да се споиме и да имаме воз од Скопје – Софија – Црното море. Во однос на другата страна на коридор 8, нашиот сосед има некоја железница од времето на Енвер Хоџа која е нефункционална и завршува во местото Лин. Но ако следете медиуми тие почнаа да работат на две железнички линии кои што не се поврзани со Македонија, а тое е Драч -Тирана и другата што сакаат ја да градат е од Валона -Драч – Бар и да се поврзат со проистаниште Бар и целосно го игнориаат потенцијално коридор 8. И да се запрашаме, дали треба да се трошат пари за нешто што нема да не поврзе со никого, па мислам дека подомаќинско мислење од ова нема“, рече Николоски.

Николоски уште претходно посочи дека е прифатено заеднички проект за тунелот, Бугарија да го заврши својот дел од пругата и да се ревидира цената која е превисока, односно ревидирање на самиот проект. Во однос на прашањето зошто од бугарска страна нема активности на проектот за изградба на пругата, министерот, неодамна при гостување на дебатна емисија, потенцира дека Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 и поставување на Македонија во незавидна положба.