Николоски на увид на превоите Стража и Пресека: Сите патишта се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски денеска на увид на превоите Стража и Пресека.

Николоски информираше дека патиштата се проодни, а снегот редовно се чисти од Македонија пат

„Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат сè од себе да се справат со обилните врнежи од снег кои ја зафатија државата“, истакна вицепремиерот и министер.

Тој им се заблагодари на, како што вели, овие прекрасни луѓе од Македонија пат, кои што даваат сè од себе, за сите патишта да се проодни и чисти.