Николоски: Цените на новите авиолетови ќе се движат од 40 до 60 евра

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа вели дека владината поддршка за нови авиолинии ги дава првите резултати. Тој особено го спомна охридскиот аеродром кој полека се отвори кон најголемите аеродроми во Европа, аеродромот во Истанбул.

 “ Во однос на скопскиот аеродром за мене најзначајна е дестинацијата Скопје – Дубаи бидејќи сметам дека Македонија треба да ја отвораме кон средниот и далечниот Исток, има многу можноста за водење бизнис, македонските компании да продаваат на тој пазар, а и инвеститори да доаѓаат во Македонија. Со оваа директна линија значи отворање на многу точки кон Азија. Исто така интересна е дестинација Барселона која што сум сигурен дека ќе ја користат многу македонски граѓани а исто така многу туристи од Шпанија би ја користеле. Ова линија ќе биде годишна а не сезонска. Тука е и Штутгарт како и целосно нова дестинација Лион каде ја отвораме Јужна Франција и се отвора можноста бројни туристи да доаѓаат во Македонија”- истакна министерот Николоски.

Во однос на цената, тој потенцираше дека очекува цените на билетите да бидат достапни за граѓаните меѓу 40 – 60 евра, а дека има интерес за нови дестинации потврди дека веќе во ноември ќе се распише и втор јавен повик за финансиска подршка каде се очекува отворање на уште четири до пет нови дестинации.