Во објава на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски ја информира јавноста дека младиот Никола ја победил болеста.
Градоначалникот Стефковски напиша:
"Младиот Никола ја победи болеста. Со голема радост сакам да објавам дека штотуку разговарав со младиот Никола кој се наоѓа на лекарски прегледи во Турција и ме извести дека и при оваа контрола е утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази. Ова е втора контрола со која на Никола му се констатира истото.
Ова е победа на сите хумани луѓе!
Во хуманоста за Никола се обединивме сите и јас од срце им благодарам на сите оние кои донираа!", напиша Стефковски.