Никој нема право да го гаси вашиот сјај, отворете ги очите!

Деградацијата од страна на партнерот може да има различни степени. Можете да бидете игнорирани, омаловажувани, ставани на последно место и многу слични работи.

Луѓето кои ја сфаќаат својата вредност во целата приказна веднаш ги напуштаат тпартнерите кои не им се поддршка и кои ги искористуваат. Партнери кои едноставно немаат време за создавање квалитетни и значајни врски. Некои луѓе ја сфаќаат моќта која ја имаат во себе. Моќта да бидат успешни во различни полиња од животот. Многу луѓе ја сфаќаат својата вредност и сфаќаат дека заслужуваат љубов. Повеќето луѓе со лоши партнери се освестуваат и сфаќаат дека не е нивен проблем тоа што нивниот партнер не е заинтересиран за ништо. И затоа и си заминуваат.

Од друга страна има луѓе кои излегуваат од таквите врски со разрушена самодоверба и не гледаат ништо добро во самите себе. Тие попрво би останале во долга врска која само им носи штета. Ќе останат во врска во која не им е убаво само за да не бидат сами. И иако им е тешко да живеат во лоша врска, немаат доволно верба во себе дека можат подобро од тоа. И самите себеси се осудуваат на живот кој не им одговара.

Не дозволувајте некој да ви ја украде самодовербата! Посилни сте од тоа. Не треба да бидете во лоша врска! Го заслужувате само најдоброто. Вие сте прекрасни, само тоа не сте го чуле одамна. Во тебе е силата на целиот свет. Сакате и заслужувате да бидете сакани. Заслужувате живот кој ви ја буди фантазијата. Само треба да си признаете дека сте згрешиле. А тоа е најтешко. Вратете си ја својата самодоверба и сетете се на сето знаење и слободен дух кој го носите во себе. Сетете се на вашите прекрасни карактеристики. Опкружете се со убавината на животот и љубете. Сакате се себеси, затоа што сте прекрасни, забавни и талентирани, само можеби сте заборавиле на тоа.

Почнете такашто ќе се наградувате себеси за секој успех кој ќе го постигнете без оглед на тоа дали се работи за нешто големо или нешто ситно. Сфатете дека вие сте тие кои имаат право да избираат кои луѓе ќе бидат дел од вашиот живот. Имате право да бидете среќни, имате право на лош ден и прегратка на крајот на денот. Ако почнат да ве игнорираат, не се игнорирајте самите себе, затоа што можете да бидете среќни. Не ви требаат луѓе кои не го сакаат вашиот сјај и кои не сакаат да блескате. Не би требаат луѓе кои го гасат вашиот сјај. Вие ги држите конците во вашите раце, само треба да се сетите на тоа.

cheap nike free run 5.0