
Извештајот за спроведување на годишниот план на Министерството за одбрана покажа дека никој не се пријавил да служи доброволно воен рок во АРМ, објави „Сител“.
Македонија воведе доброволно служење војска во 2007 година, во времетраење од три месеци. Доброволците треба да се на возраст од 18 до 26 години, а месечно ќе добиваат по 10 отсто од просечната месечна плата, односно околу 50 евра.
За споредба, во Словенија се највисоки приходите за доброволно служење на војска и тие изнесуваат околу 2.300 евра месечно. Таму се служи војска во времетраење од 13 недели.
Во Србија доброволно се служи војска до шест месеци, а последната година имало 1.200 доброволци, кои добивале по 35.000 динари месечно.