Никој не сака да работи како продавач во Македонија, а постојано има отворени работни огласи

Голем број на работни места им се нудат на невработените лица во земјава преку Агенцијата за вработување.

И покрај тоа стапката на невработеност во Македонија се уште е висока и според последните објавени податоци изнесува 22,6 проценти.

Од она што најмногу се бара на пазарот на труд се продавачи и работници во преработувачката индустрија, но и градежни работници и во финансиската дејност.

Никој не сака да работи како продавач. Постојано има отворени нови работни места, но заинтересираноста е мала, а особено ако станува збор за продавач во прехрамбена индустрија.

Платите таму најчесто се минимални, а се работи многу. И на празник и на делник.