Никој не сака да работи како келнер - угостителскиот сектор се соочува со недостаток на кадар

Угостителскиот сектор се соочува со недостаток на кадар. Едни од причините се ниските плати а дополнителен проблем во македонскиот туризам претствува и одливот на образован кадар.

Истражувањата покажуваат  дека најголем дефицит во кадри постои токму во овој сектор за таа цел спроведени се обуки за едукација се со цел полесно вклучување на пазарот на трудот.

Според експертите постои дисбаланс меѓу формалното образование односно креирањето кадри и конкретните потреби во угостителството.

Угостителите тешко наоѓаат квалитетен кадар кој е особено дефицитарен за време на главната туристичката сезона а недостасува и професионален кадар на кој услужната дејност во угостителството му е основен извор на егзистенција.