Никогаш нема да дозволам да бидам последен избор!

Не се задоволувај со помалку.

Кога човек е во почетните фази на зборување со некого, ризикот да добие мешани сигнали е огромен. Можеби мислите дека сте ја нашле вистинската личност, сте им кажале на сите пријатели и на крај да сфатите дека тој сака само секс. Се случува.

Играта наречена „врска“ ја добиваат само оние кои се експерти за јасна комуникација.

Никој не може да ви го даде тоа што го сакате, освен ако самите не го побарате.

Затоа, ако се гледате со некого и сте му кажале дека сакате сериозна врска, тогаш поткрепете го тоа со дела, со тоа што нема да се задоволите со ништо помалку од тоа.

Па така, ако момчето се труди да го избегне тоа со тоа што вложува многу малку труд за да изгради врска со вас, тогаш време е да продолжите понатаму. Колку повеќе време и шанси им давате на луѓето, особено на почетокот, толку се поголеми шансите да не направите ништо во врска со тоа.

Јас не сакам ултиматуми, но мислам дека би требало да е прилично лесно  двајца луѓе кои негуваат симпатии еден за друг да започнат врска. Ако вие сакате веднаш да започнете врска, а него постојано го снемува, тогаш нешто не е во ред.

Наместо да си поставувате прашања од типот: „Што ако?“ или „Што можев да направам поинаку?“, најдете некој кој нема да прави да чекате и кој нема да ве извисува.

Иако врската којашто сте ја сакале со ова личност можеби имала потенцијал да биде добра, сепак не можете да ги форсирате работите кои едноставно не се судени за да се случат.

Затоа престанете да си го губите времето одејќи со главата во ѕид и отворете се на личност којашто ги сака истите работи како вас.

Ви ветувам дека таквите личности се уште постојат.