Никогаш нема да бидете личноста која бевте порано и тоа е во ред

Понекогаш лоши работи им се случуваат на добрите луѓе, таков е животот. Но, така учиме многу важни лекции.

Никогаш повеќе нема да бидете наивни, несвесни и страшливи како што бевте порано. И тоа е во ред. Личноста во која се претворате е силна, знае што сака и е помудра. Можеби тоа ви звучи страшно, но не треба да биде така. Заборавете ја личноста каква што бевте порано.

Промените мораат да се случат и тие најчесто доаѓаат од најнепријатните работи во животот. Никогаш нема да се промениме ако ни се случуваат истите работи на кои сме навикнати.

Во ред е да сте растргнати меѓу личноста која сте биле порано и личноста во која се претворате. Но, засакајте ја новата личност. Погледнете назад и бидете благодарни за патувањето низ коешто сте поминале.

Ништо во животот не е едноставно. Не треба ни да биде. Прифатете го тоа. Прифатете се себеси и подобрата верзија од себе во која се претворате.