Никогаш не заборавајте: Тој што ве сака, никогаш нема да се труди да ве промени

Велат дека често ги сакаме оние кои се различни од нас, го сакаме тоа што е различно, тоа што е неразбирливо за нас и начинот на којшто ние не живееме, а му припаѓа на некој друг.

Но, во тој случај, не треба да сакаме да ја промениме таа личност.

Ако личноста со која сте, ве сака вистински, никогаш нема да се труди да ги смени работите кои и пречат. Нема да ве прекорува, нема да се труди да ви го загорчи утринското кафе, ниту пак да ви ја расипе пријатната вечера.

Ако навистина ве сакаат, нема да ви ги споменуваат своите бивши, нема да ве споредуват со нив и нема да ги стават во секоја тема, само за да ве изнервираат и навредат.

Нема да ве убедуваат што е добро или подобро за вас, туку ќе ви понудат поддршка за тоа што го сакате и што го правите. Нема да ги рационализираат вашите одлуки, нема да се расправаат со вас додека не попуштите.

Ако навистина ве сакаат, ќе ве сакаат онакви какви што сте, а не онакви какви што можете да бидете. Онаа љубов во која ќе ве натераат да се менувате, не е баш љубов.

Таа е пронаоѓање средина, таа е рамнотежа и трагање по совршенството.