Никогаш не смееш да се откажеш од љубовта која се појавува еднаш во животот

„Љубовта е бесмртно и бесконечно жариште во нас, кое ништо не може да го ограничи и ништо не може да го изгасне.“ – Виктор Иго

Доколку сте биле способни со својата насмевка да го насликате зајдисонцето во различни бои и да им ја покажете на вашите сакани партнери љубовта за која не верувале дека постои, тие никогаш нема да можат да ве напуштат. Нема да ве напуштат ако знаат дека никогаш нема да пронајдат некој како вас. Без оглед на тоа што стои на патот и колку нелогично делува тоа. Љубовта доаѓа и си оди, понекогаш избледува или умира од тивка смрт. 

Постојат моменти на страст и копнежи, но под сето тоа се делата кои прават нашите сакани да останат покрај нас. Тоа е чувството на сигурност дека без оглед на тоа колку долго барале или колку далеку отишле, никогаш нема да најдат некој како вас. Велат дека доколку сакаме да бидеме незаборавни треба да бидеме контрадикторни, треба да останеме мистериозни. Не заради задоволување на нашите чувства, туку заради тоа што нашите партнери во себе се смешкаат и се прашуваат кое ќе биде следното изненадување. 

Партнер со добро срце, љубезна душа која танцува во ритамот на Земјата под блескавата Месечина. Чувствителност кој цути преку образите кои се преливаат во различни бои, додека топлите солзи паѓаат на нив. Партнер кој не трпи ничии глупости. Тоа е партнер кој не исполнува само една желба, туку сите нив. Постојат милион луѓе на овој свет, постојат стотина со кои можеме да имаме поврзаност и привлечност, но постои само една личност која останува незаборавна. Без оглед на тоа колку пати ќе си каже дека може да оддолее, партнерот кој знае дека пронашол нешто што никогаш нема повторно да го најде, никогаш нема да се откаже од вас. 

Нема да ви го свртат грбот и нема да дозволат да им се излизгате од пристите како топол летен песок. Нема да ја отфрлат вашата магија и да се преправаат дека таа е обична. Работата со пронаоѓање на партнерот кој никогаш повеќе нема да го изгубите е дека таков човек ретко доаѓа запакуван онака како што вие сте замислиле дека ќе дојде љубовта. Таа љубов е целата превртена или можеби се работи за тоа дека и вие самите не сте знаеле како треба да изгледа. Можеби тој „пакет“ биде заплеткан и повремено ќе ве излудува, сепак токму таа заплетканост и интригантност е она што ќе се покаже како најголем предизвик за вашите скриени потреби. 

Поинаков(а) е кога е со вас и вие тоа го знаете...

Тоа е вистината со овој тип на партнери, тие не го покажуваат своето вистинско лице пред кого било. Овие луѓе ги чуваат најдобрите делови од себе за вас. Тие создаваат поинакви светови во својата фантазија, онакви какви што не секој може да ги разбере и со вас отвориле врата која била затворена за повеќето. 

Љубовта не е еден шаблон кој одговара за сите. Постојат милион различни јазици и вкусови, бои и големина за оние кои чекаат во својата удобна реалност. Она што една личност може да го превиди кај некој друг, може да биде најпрекрасното нешто за трет човек. Не постои такви чувство како она кога знаеме дека сме пронашле нешто прекрасно и специјално, затоа што сите сакаме да имаме чувство дека сме пронашле вистинско богатство во форма на друга душа. 

Сите сакаме да бидеме добитници во љубовната лотарија и да немаме никакви сомнежи дека не постои никој освен оние на кои сме го подариле нашето срце. Мажот никогаш нема да се откаже од жената за која чувствува љубов каква што се случува еднаш во животот и обратно. 

Не велам дека ќе биде лесно, но така е со љубовните приказни – не сакаме да биде лесно. Никој од нас не оди да гледа филм за уште на почетокот од филмот да го види среќниот крај. Наместо тоа, сакаме значајни пресврти, кога работите изгледаат безнадежно и кога сета надеж е минимална. 

Големите љубовни приказни не се големи затоа што работите се одвивале лесно, туку поради тоа што ги пребродиле сите препреки за таа љубов да победи. Искушенијата и неволјите кои се пред нас ни кажуваат дека љубовта вреди за целиот напор и труд. 

Доколку оваа вечер заспивате сами, знајте дека не пости ништо што можете да направите за да ја уверите вашата љубов во својата вредност или да ги научите на вашата магија. Партнерите кои ве гледаат и самите ќе знаат дека нема да пронајдат друга личност како вас. И тоа ќе биде личност која никогаш нема ве пушти да си заминете.