Никогаш не се враќајте онаму каде ви ја затвориле вратата

Од почит кон себеси, никогаш не се враќајте онаму каде еднаш ве оставиле. Не се враќајте никогаш кај личност која гледала и дозволила да плачете, а не направила ништо.

Не им се враќајте на оние кои постојано ги менувале своите чувства кон вас. Во еден момент ве сакале, во друг ве мразеле, во трет ве игнорирале. Од почит кон себеси, не дозволувајте да им дадете влијание повторно на таквите луѓе.

Не им се враќајте на оние кои ве игнорирале, велејќи дека не слушнале или не знаеле. Тие ги слушнале вашите повици и зборови, но тие никогаш не им биле приоритет. Никогаш!

Не се враќајте кај оние кои минувале на другата страна на улицата, заобиколувајќи ве, правејќи други планови. Не се враќајте кај оние за кои секогаш сте биле тука, а тие никогаш за вас. 

Од почит кон себе, не им се враќајте на оние кои ве изневерувале долго и долго, мислејќи дека никогаш нема да забележите.

Имајте почит кон своето срце. Не дозволувајте му да издржува повеќе, да трпи повеќе. Имајте почит кон својот разум, не дозволувајте да слушате уште извинувања. 

Верувајте им на животните искуства и не се враќајте никогаш кај овие луѓе. Никогаш не им давајте втора шанса за да ве докрајчат.