Никогаш не носете одлуки кога сте лути

Лутината е една од најважните емоции кои ги имате. Кога сте лути, тоа е знак дека нешто треба да се смени, а кога сте бесни, тоа значи дека нешти мора да се смени веднаш. 

Чувствата кои ги имаме често во огромна мера влијаат на начинот како се однесуваме. Некогаш само една обична одлука во погрешно време може многу да нѐ чини многу.

Тоа можеме да го забележиме од одлуките кои сме ги донеле во тешките и убавите времиња, забележувајќи ја разликата меѓу нив, а дури и да не сме го направиле тоа, доволно е да ги набљудуваме нашите мисли и дела кога сме среќни, но и кога сме тажни. Постои огромна разлика, нели?

Негативните емоции ја намалуваат нашата способност да размислуваме рационално. Тоа се случува кога мозокот е фокусиран на емоционалната состојба на тага или лутина. Кога сме смирени и задоволни, се чувстуваме позадоволни. А, кога сме задоволни, сме посмирени и можеме подобро да носиме одлуки и да бидеме свесни за тоа колкаво влијание можат да имаат тие на долг рок.

Затоа:

Никогаш не ноесете одлуки кога сте лути. Не го правете тоа во тешките и лоши времиња.

Никогаш не ги донесувајте своите најважни одлуки кога сте во своето најлошо расположение.

Чекајте, бидете трпеливи. Добрите времиња ќе дојдат, а тие ќе донесат побистар ум.