Никогаш не ми одело со збогувањата...

Вистина е дека збогувањата не се работи кои баш најдобро ги разбирам. Тие за мене се нешто страно и работи во кои воопшто не уживам.

Секогаш сум се прашувала зошто загубените љубови никогаш не се враќаат назад. Се прашувам што треба да значи тоа. И највеќе од сѐ, тоа прави да размислувам за тоа како луѓето одново и одново си заминуваат.

И привремените збогувања не се нешто кое ме загрижува (иако и тие не се баш најзабавни), туку најболни ми се моментите кога луѓето кои биле дел од твојот живот, одеднаш ги снемува и тоа засекогаш.

И секојпат болката е неподнослива. Сѐ изгледа дека е толку привремено, сѐ изгледа дека е толку празно кога луѓето си влегуваат и излегуваат од животот како да сум некоја играчка. Збогувањата ми станаа секојдневие кое ме растргнува на парчиња.

Никогаш не сум знаела како да го поднесам заминувањето на луѓето. Сите тие постојани „дојди-замини“ од мојот живот ме потсеќа на тоа дека ретко кој човек сака да остане во мојот живот.

Никогаш не разбрав зошто луѓето обожаваат да играат игри и една минута да прават да се чувствувам како да сум најсакана личност на светот, а во наредната да ми го срушат целиот свет.

И ме оставаат без здив. Не можам да стојам, комплетно ме кршат.

Никогаш не ме бивало со непостојаностите затоа што знам дека заслужувам повеќе. Дури и кога сум најскршена знам  дека има и поубави работи таму некаде. Знам дека некаде таму постои некој кој ќе ми покаже дека не сум само скршен предмет кој треба да продолжат да го кршат.

Збогувањата станаа дел од моето секојдневие, но тоа не значи дека го прифаќам тоа. Доста ми е од патувањето низ отвореното море од разочарувања. Доста ми е од тоа да им го дозволувам тоа на луѓето.

Да, никогаш не ми одело со збогувањата, но сега, првпат јас сум таа која се збогува. Не можам да им дозволам на луѓето кои ме искористуваат да останат во мојот живот. Отсега во мојот живот ќе има место само за оние кои заслужуваат да бидат таму.

Да, никогаш не ми одело со збогувањата, но првпат се работи за мене и за никој друг.