Никогаш не ја потценувајте моќта на една жена

Таа можеби е тивка и нежна, но во себе крие огромна моќ.

Поминала низ многу искуства, таа знае да сака, но знае и да замине кога е потребно. Таа верува и чека, трпелива е, но не засекогаш.

Не ја потценувајте нејзината моќ, бидејќи кога ќе собере сила во себе, може да помести и планини. Во неа постои неверојатна енергија, која таа одбира да ја насочи за добро, секогаш за добро. Но, не секогаш. Таа има тивка енергија, смирена е и секогаш фокусирана да им даде љубов на другите околу неа, да им покаже колку се сакани. 

Таа е издржлива, силна, свесна колку вреди, иако некогаш заборава на својата вредност и моќ бидејќи другите ги става на прво место. Но, не ја тестирајте силата на моќната жена. Таа може да изгради империи додека другите спијат и тоа да го направи преку ноќ. Не и требаат грандиозни потези, ниту пак некаква најава, таа руши светови кога ќе стане свесна за својата вредност. 

Но, не ја потценувајте оваа жена, не се трудете да ја повредите. Секогаш кога ќе и кажете лош збор или подигнете рака на неа, имајте на ум каква болка и траума и нанесувате. Таа не го заслужува тоа. 

Таа има внатрешна сила, внатрешен компас, силна интуиција која ја прави вистински борец. Тогаш кога мислите дека сте ја скршиле, таа се крева од пепелта и ја покажува својата сила. 

Никогаш нема да успеете во  тоа, бидејќи нејзината сила е неверојатна.