Градот Скопје донесе одлука со која агенцијата за обезбедување Никоб ќе ги обезбедува 23 училишта во главниот град. 

Проценетата вредност на услугата е околу 160 илјади евра, а агенцијата ќе има обврска да ги обезбедува училиштата во период од 9 месеци, почнувајќи од септември.  За оваа цел агенцијата на градот ќе треба да му остапи 79 лица за обезбедување. 

Компанијата која понудила најдобра цена на тендерот ќе има обврска да ги обезбедува лицата, имотот и објектите заедно со училишните дворови на 23 средни училишта во надлежност на Градот Скопје. Обезбедувањето на објектите на училиштата ќе се врши од 07:00-20:00 часот секој работен ден. 

Никоб обезбедување во изминатиот период склучи договори за обезбедување со општините Ѓорче Петров и Струмица, Агенцијата за катастар на недвижности, Спортскиот објект "Борис Трајковски" и уште неколку јавни институции.