„Никна“ дивоградба на „Пластичарска“, МВР не ѝ асистира на Општина Центар да ја урнат

„Никна“ дивоградба на државјно земјиште на „Пластичарска улица“ во Скопје и објектот е пред вселување, објави „СДК.мк“.

Општина Центар веќе неколку месеци не можела ниту да ја запре градбата, ниту да го урне објектот, иако нема издадено градежна дозвола и постои решение за уривање.

- Минатиот месец од Сектор за инспекциски работи на Општина Центар побаравме полициска асистенција за обезбедување на локацијата додека трае отстранувањето на објектот. Но, од МВР добивме одговор дека поради дојавите со бомби, не можат да испратат полициска асистенција, одговориле до Општина Центар до „СДК.мк“.