Ник Вујучиќ: Можете да ги имате сите пари на светот, а сепак да сте најбедната личност на планетата

Ник Вујичиќ е роден со тетра-амелиа синдром, што претставува ретко пореметување кое се карактеризира со недостаток на сите четири екстремитети.

Како дете и тинејџер бил мошне несреќен, имал депресивни фази и не можел да се помири со својот недостаток. Но, еден ден прочитал статија за човек со инвалидитет кој не дозволил физичките недостатоци да му го загрозуваат животот. Од тогаш, неговиот живот се менува.

Денес, тој е познат автор и мотивациски говорник кој успева да инспирира многу луѓе ширум светот. Ова е дел од еден негов говор кој укажува на тоа дека среќниот живот е можен и покрај ограничувањата и недостатоците.

Во животот не се важни материјалните работи кои ги поседувате, туку вашето постоење и став кон животот. Можете да ги имате сите пари на овој свет, но да биде најбедната личност на планетата. Запознавав луѓе кои имаат совршено тело, а не пронашле ниту половина од среќата која јас успеав да ја пронајдам. 

Зошто е тоа така? Задоволство пронаоѓате дури тогаш кога ќе дозволите вашата страст и таленти да се активираат. Ќе бидете среќни само кога ќе бидете задоволни со себе, баш онакви какви што сте. Заборавете на материјалното богатство, како совршена и пространа куќа, маркирана облека и најскап автомобил. Среќата ќе ја најдете во себе, кога ќе видите што поседувате а што се крие внатре во вас. 

Погледнете малку околу себе. Погледнете малку и во себе и ќе го најдете вистинското богатство.