Ниедна грешка на родителите не е пресудна ако на детето му покажеме дека вреди

Колку и да сме добронамерни родители, некаде ќе погрешиме. Не е сѐ до родителскиот пар, иако нивната одговорност е најголема. Залудно е да се обидуваме да ги контролираме сите аспекти. Детето нема само еден родител. Ги има повеќе. На различни нивоа.

Сите се проектираат во детето. Сите стануваат гласови во детето, гласови кои му овозможуваат да и дадат значење на реалноста. Му го одредуваат фокусот. Одредуваат што ќе приметуваат, а што нема. И сите тие влијаат на неговото формирање во возрасна личност која ќе може, ќе умее и ќе сака да ужива во животот, во работата и во љубовта.

1. Родителскиот пар. И мама и тато имаат подеднакво важна улога. Мама долго е продолжување на детето, а тато оној „првиот Втор“ родител. Како мама го доживува животот, а тато мене, во детето се вградува, се проектира првата рамка по која се движи неговото самоодредување. Оние парови кои меѓусебно се натпреваруваат кој ќе биде подобар родител, многу му штетат на развојот на детето.
2. Вториот родител: личните истории на тато и на мама. Нивните искуства, стратегијата за заштита, траумите, степенот на емоционална зрелост, уверувањата за животот (својот и на другите).
3. Третиот родител. Односот меѓу тато и мама. На детето тоа е однос и модел по кој ќе се води кога ќе вложува во односите со другите, но и демонстративен приказ на очекувањата од односот со другите.
4. Четврт родител. Целите низ родителските постапки. Односно, воспитниот систем, уверувањата, траумите, семејните игри и ритуали, кои трансгенерациски (преку имитација и идентификација) се пренесуваат до детето. 
5. Петти родител. ОПШТЕСТВОТО. Општествената структура, општествените поделби и интеракцијата меѓу нив. Можеби и највлијателниот родител во низата. Општеството во кое живееме, историскиот момент во развојот на тоа друштво, општествениот контекст влијаат на поединецот и на семејството. Општеството е оној „виши“ родител кој може да им помогне или да им одмогне на родителите во нивното родителство. Постојат општествени системи кои се нарцисоидни по својата структура. Тиа ги користат своите деца за својот сопствен опстанок. Тие своите деца постојано ги збунуваат, ги застрашуваат, ги користат за своите лични цели – својот вечен живот. Често пати сме фокусирани на терапија на семејството и на поединците, но тоа не е доволно. Затоа, за секој кој работи на себе е важно да го освести своето влијание во сопствената околина.
6. Шестиот родител е Бог. Утешна семожност. И оние кои не веруваат во него го чувствуваат празното место. А оние во чии концепти е присутен, Бог може да биде добар или лош, оној кој казнува или кој наградува, или оној кој сака и простува. Многу е важно да знаеме кој е нашиот Бог и каков е. Во него е сочувано нашето најрано доживување на нашите родители како џинови кои можат сѐ.

Затоа родителството е комплексно. Колку и да сме добронамерни родители, некаде ќе направиме грешка затоа што не е сѐ до родителскиот пар, иако нивната одговорност е најголема. 

Меѓутоа, едно е извесно: ниедна грешка во одгледувањето и во воспитувањето на детето нема да биде пресудна доколку на детето со својот труд околу него, успееме да му пратиме порака дека тоа за нас е НАЈВРЕДНО на целиот свет. Со чувството на лична вредност, детето може да излезе на крај со сите животни предизвици.

А за да го сторат тоа родителите, да можат да му испратат порака на детето дека е ВРЕДНО ТАКВО КАКВО ШТО Е, мора со работа на себе да станат исто: ЧОВЕК ВРЕДЕН ЗА СЕБЕ. 

Не може да му зборуваат дека тоа е вредно, а себе да се третираат везвредно. Детето тоа лесно ќе го измоделира затоа што сликата и тонот ќе му се поклопат.