Ние на Балканот сме магионичари

Балкан. Место каде луѓето се акробати, а не се ни свесни за тоа. Ова е приказна за нас, обичните луѓе кои и не насетуваме колку сме талентирање за извршување неколку работи во исто време, без да опадне квалитетот на ниту една извршена задача.

Еден дождлив ден, додека се враќав дома, уморна, збунета од големиот број работи кои ги носев во рацете и сфатив дека ми недостасуваат уште еден пар раце плус. Чадорот во една, мобилниот во друга рака. Мобилниот секогаш мора да биде при рака, затоа што и ако не разговараш, во него гледаш затоа што не знаеш што друго да гледаш. Бог да чува.

Се чувствуваш непријатно после целодневното седење пред компјутерот да гледаш друг човек во очи. Сосема непријатно, зарем не?

Околината и природата околу мене исто така не е избор, затоа што освен пластични кеси кои висат по стеблата, нема ништо другo интересно – бетон овде, бетон онде. Зрачењето од компјутерите толку те обзема, што не знаеш како да се снајдеш на сонце и се чувствуваш дезориентирано на отворено, па затоа екранот од мобилниот ти е како мал компас, додека не дојдеш до затворен простор и вештачко светло каде можеш повторно да прогледаш.

Торбата која ми виси на раменото е секогаш тешка. Секогаш виси на десното рамо кое е навикнато да носи тежина. Десното рамо не е на рамна линија со левото, дури и без торбата.

А кој па верува во рамнотежа, глупости.

Во торбата понекогаш наоѓам некои работи за кои не знам како се нашле таму. Со работите од мојата торба сигурно би можеле две личности да преживеат околу 5 дена, по некаква природна катастрофа.

Со вас носите (како и поголемиот дел од деновите), некој материјал од работа кој треба да го читате. Некакви хартии. Враќајќи се пешки од работа, секогаш некако се наоѓам на велосипедската патека, иако сум на тротоар. Освен што морам да внимавам на автомобилите и да им ги читам мислите на возачите, треба да внимавам и на велосипедистите. Кај нас, ни тротоарите не се безбедни. И тогаш ќе се  сепнам дека одам по велосипедска патека и веднаш се поместувам.

Си одам од работа, освен уморна, назгора тоа сум и гладна. Проаѓам покрај некоја зграда и до мене допира мирис на храна кој дополнително ме потсеќа дека не сум таму каде што би требало да бидам. И тоа што тој момент е поблиску, а се чини дека е сѐ подалеку.

Вистинската филозофија е кога со сите тие мои раце, кои се навистина ситни, морам да го побарам клучот од дома. Тогаш се трудам чадорот да го придржам со брадата, така што искривувам на едната страна, а потоа главата ја потпирам на рамото за да помогне.

Само Бог знае дека малите победи се најважни.

Имам среќа што во тој момент нема автомобил на улицата, затоа што една огромен вир, кој постои поради запушениот одвод и баш се заканува дека со помош на автомобилските гуми и големата брзина ќе се слее на мене. Некогаш имам среќа, а некогаш нема. Зависи. Запушената цевка е константа која не се менува. Како во математика. Така е и во животот.

Клучот секогаш е скриен на друго место. Неверојатно.

Во тоа мое барање, ми се чини дека сум се намалила и си делувам сама на себе како да сум Алиса од Земјата на чудата и тогаш некој весело зад мене вели: „Комшике, добар ден“. Се вртам и имам што да видам. Комшијата, кој е во своите рани 60-ти години, вози велосипед. Тоа не би било нималку чудно, но тој возеше велосипед, пушеше цигара, збореше на мобилен и многу повешто од мене го држеше чадорот.

Не сакаше да се лиши од своето превозно средство, чадот, ниту цигари. Мобилните се подразбираат, затоа што нели се сложивме дека тоа е нормално.

Гледам како проаѓа покрај мене извршувајќи ги сите работи во исто време и замислам како акробатите во циркусите би биле тажни кога би виделе што значи природен талент за правење на 100 работи во исто време во однос на нивната доживотна посветеност.

Ние сме магионичари, ви велам.