Nicky Romero за втори август доаѓа во Македонија

Миленикот на светската електро денс сцена, омилениот хедлајнер на Tomorrowland и Ultra Music фестивалите ширум светот, Nicky Romero за прв пат во Македонија ќе приреди ексклузивен сет, и тоа на први август- ноќта спроти големиот празник Илинден во Охрид.

Nicky Romero во 2012-та станува популарен со мегахитот „Toulouse“ и оттогаш, неговата популарност оди во нагорен правец. Покрај продуцентската работа, моментално Romero е резидент и на најславните клубови на Ибица и хедлајнер на светските електронски сцени. Ова лето Nicky Romero ќе биде главна ѕвезда на Dance арената на годинашниот EXIT фестивал заедно со германскиот диџеј Robin Schulz, на која, меѓдругото, ќе прозвучат неговите мегахитови „Legacy“, „Symphonica“и „Toulouse“, тандемскиот супер сингл „I Could be the One“со Avicii (кој доживеа масовен успех во Европа, особено во Велика Британија, искачувајќи се на првото место на британската топ листа многу брзо по неговото излегување), како и новата нумера со наслов „Let Me Feel“. Како продуцент, Romero работел на албумите на Rihanna „Unapologetic“, Britney Spears „Britney Jean“ и Sia. Деталите во врска со локацијата на која ќе биде одржан концертот на Ромеро, како и за продажбата и цената на влезниците, дополнително ќе бидат објавени во втората половина на јануари.