Ни требаат нови колеги, новинари!

Скопје Инфо е првиот и единствен градски информатор кој веќе десет години успешно опстојува во македонскиот медиумски простор. За успешна реализација на идните планови неопходно ни е проширување на нашиот тим и за таа цел објавуваме оглас за ангажирање новинари

Идеалниот кандидат за оваа позиција, потребно е да има високо образование  (или завршни години од студии) познавање и задолжително искуство во областа. Нашиот иден колега важно е да има добри комуникациски способности, желба за динамична работа, да го познава македонскиот јазик и добро да се изразува.

Работното место предвидува ангажман за пишување новинарски текстови, анализи и интервјуа на теми поврзани со дневните случувања. 

Ако сметаш дека ги имаш горенаведените карактеристики и истовремено можеш да се пронајдеш во тоа што ние работиме, твојата апликација (кратка биографија и мотивациското писмо) испрати ја на marketing@skopjeinfo.mk (со назнака за оглас за новинари) најдоцна до 23.04.2024 година. 

Ние нудиме одлична атмосфера за работа, конкурентски примања, можност за remote, part time и full time работа.